Левица: ДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно нема една изборна единица

Од:

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата. Партијата која има мнозинство во Собранието, ја предводеше Работната група и го предложи текстот на законот, денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат опозициските партии, се вели во соопштението од Левица.

– Власта не може истовремено да биде и предлагач, и арбитер, и жртва. Ако ДПМНЕ навистина смета дека една изборна единица е исправно решение, нека застане зад сопствените ветувања, наместо кукавички да се крие зад потребата опозицијата прво да се договори.

Црвената линија на ДПМНЕ не е една изборна единица, еднаквата вредност на секој глас или укинувањето на изборните неправди, туку гласањето на дијаспората. Наместо да ги бранат принципите што ќе создадат поправеден изборен модел, тие избраа да ја претворат дијаспората во политички штит зад кој ќе ја сокријат суштинската реформа.

ДПМНЕ денес се однесува како со нивниот авторитарен однос и црвени линии поставени во последен момент да не е главната причина за недонесување на Изборниот законик, туку најмирна страна и негов случаен набљудувач. Сега смислија и алиби за одржување на нивната удобност, па процесот го префрлија врз опозицијата, а доколку реформата пропадне, повторно ќе ја обвини истата таа опозиција.

Дополнително смешно е што се покажа дека патетичните обиди на ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората пропаднаа уште пред да започнат. Очекуваа патриотски аплауз, а го добија спротивното. Ни дијаспората не им поверува дека преку ова одеднаш ја откриле љубовта кон иселениците. Јавноста препознаа дека темата беше извадена во последен момент како средство за одржување на статус-квото и овој модел од кои поголемите политички партии профитираат, а штетата е на сметка на Левица и граѓаните.

Јавноста има право да постави едно многу непријатно прашање. Европската Унија обезбедува околу 4 милиони евра поддршка доколку се донесе нов Изборен законик. Но, ако тој повторно не се донесе, според постојниот модел ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ повторно ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Кога ќе се стават бројките на маса, станува многу појасно зошто некои партии се толку комотни и инсистираат процесот да пропадне, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот на Буџетот: Парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“