Левица: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис – интересите

Од:

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер масија на бизнис – интересите врз интересите на работниот народ! Ова решение дополнително ќе ја зголеми експлоатацијата на работниците, која ќе биде насочена во насока на триплирање на профитите на домашните, а пред сè, на странските сопственици на капитал во земјава, се вели во соопштението од Левица.

„Имено, со реструктуирањето на министерствата, трудот се вади од Министерството за труд и социјална политика, каде го имаше својот примат во насока на заштита на интересите на работниците и се преместува во Министерството за економија, каде трудот и институционално се подредува на економските, односно бизнис – интересите на олигархијата! Ставањето под иста капа на овие две спротивставени класи, од една страна – трудот и од друга страна – капиталот, карактеристична за десничарските партии, Левица ја поима, единствено, како оддолжување на ДПМНЕ кон капитал – сопствениците, кои ја спонзорираа нивната партија на грбот на работниците. Со овој потег, коалицијата на Мицкоски социјалниот дијалог, исклучително, го насочува во корист на капитал – сопствениците“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Левица: Автокамп-дивоградба во Ресен узурпира државно земјиште и незаконски наплаќа од граѓани

МВР ги демантира тврдењата на Левица за испитниот центар во Битола