Пратеничката група на Левица денеска до Собранието поднесе Предлог- декларација за признавање на Палестина.
Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека со оваа декларација изразуваат поддршка за право на палестинскиот народ на самоопределување како основно човеково право загарантирано со меѓународното право и принцип, одлука за сите народи кои се борат за својата слобода и независност.
Според пратеникот палестинскиот народ со децении е жртва, а признавањето на независноста на Палестина е важен чекор кон исправање на историските неправди нанесени врз овој народ.
– Во овие мигови се случува и геноцид врз палестинцкиот народ во Газа. Незамисливо насилство, лишување од основни услови за живот, бомбардирање на домови, убивање на цивили, вклучувајќи и деца се јасни докази за воени злосторства против човештвото. Меѓународната заедница мора да преземе дејствија за да ги спречи овие барбарски дела и да обезбеди правда за Палестинците, рече Мециновиќ.
Како што потенцира пратеникот на Левица, со оваа декларација, Македонија ќе се приклучи на светското движење за признавање на палестинската независност.
-Имаме примери од регионот како Словенија, Шпанија, Малта итн. Исто така се повикуваме и на југословенската допломатска традиција и движењето на неврзаните. Признавањето на Палестина не е само чин меѓународна солидарност и морална обврска на секоја држава да се залага за мир и правда. Окупацијата и ционистичките политики се формален неоколонијализам кој ги загрозува за сите напори за мир во регионот и светот. Мирот не може да се постигне се додека постојат окупациски сили и додека се негираат правата на еден цел народ. Се надеваме дека оваа декларација ќе се прифати во Собранието и дека ќе испратиме силна порака на светот – Македонија стои на страната на правдата, на страната на слободата, на правото на самоопределување на сите угнетени народи, рече тој.
Одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за свикување на затворена седница по однос на европските прашања на земјата, Мециновиќ нагласи дека на јавноста и е доста од затворени седници и упати порака до СДСМ да биде посериозна и да им се приклучат на Левица за да им се спростивставуваат на регресивните политики на Владата.
-Првично мора се напомене дека низ европскиот извештаи во владеењето на СДСМ во последните седум години е окарактеризирано како стагнациско времено дури и времено уназадување на позициите на Македонија во поглед на интеграцијата во Европската Унија.
Владата и СДСМ имаат пропуштено неверојатна прилика што се однесува до интеграциите затоа што ја имаа поддршката на меѓународната заедница но нашата импотентна дипломатија водена од СДСМ и ДУИ ги даде овие резултати. Нашата порака е СДСМ да стане посериозна и да ја следи опозициската битка која Левица ја води против ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание, а да не ја зајамува со некои затворени седници, рече пратеникот Мециновиќ.