Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

Од:

Иако е јасно дека директорот на СОЗР – Ивица Томовски важи за близок соработник на премиерот Мицкоски, Левица апелира институциите сериозно да ја разгледаат тендер шемата со компанијата ,,Сити Аутсорсинг”, како и поврзаноста на актуелниот управител на фирмата со директорот на СОЗР. За Левица е скандалозно што претходниот скандал со тендери каде беше инволвиран Ивица Томовски, Антикорупциска комисија го затвори со паушален заклучок и обична изјава заверена на нотар, без посеопфатна истрага! Ја потсетуваме јавноста дека токму Томовски се поврзуваше со приватната фирма за обезбедување ,,Праеториан ДООЕЛ”, која после промената на власта, ги добива сите тендери за обезбедување на институциите контролирани од ДПМНЕ. И за управителот на оваа фирма Власе Танаскоски постојат наводи за блиски роднински врски со Томовски, но ДКСК го затвори овој предмет врз основа на обична изјава заверена на нотар, каде Томовски тврди дека не е роднина со сопственикот на оваа фирма, велат од Левица.

„За Левица е контроверзно што токму за овој предмет со ,,Праеториан ДООЕЛ” постапуваше Цвета Ристовска (како член на ДКСК). Цвета Ристовска стана позната за јавноста по случајот со фалш дипломата на директорот на АНБ, каде повторно го затвори предметот без сериозна постапка. Тогаш спорно беше што Ристовска предавала на економскиот факултет на приватниот Универзитет Скопје, каде со фалш диплома се стекна Бојан Христовски.

Откако Цвета Ристовска затвори два крупни скандали за владини функционери без утврдена одговорност, се поставува прашањето дали таа е инсталација во Антикорупциска комисија директно на Мицкоски – со цел да ги спасува неговите најблиски соработници. Левица апелира до новоизбраниот претседател на ДКСК – Адем Чучуљ со сериозна професионалност да постапи за двата скандали каде е инволвиран директорот на СОЗР, со оглед на разнишаното реноме и интегритет на Антикорупциската комисија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали