Левица: Дали Тошковски бил омилен адвокат на разрешениот началник на СВР Штип?!

Од:

За селективноста на министерот Тошковски во истрагата за Кочани, Левица неколку пати алармираше и бараше одговори, како за прашањето кој бил одговорен што рацијата во дискотеката на смртта започнала предоцна и нестандардно за редовни оперативни акции. До Левица пристигнаа информации дека одговорниот началник на СВР Штип за време на трагедијата – Дејан Салтировски имал директни лични односи со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Односно, за време на претходната власт, Дејан Салтировски како вработен во гранична полиција, на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски, велат од Левица.

„Дека министерот го штити Салтировски говори фактот што истиот е вратен на неговата позиција во граничната полиција, без да се отвори било каква постапка за негова одговорност за кобната ноќ. Министерот Тошковски наместо да бега од прес-конференции, треба да одговори пред јавноста: Дали во минатото министерот застапувал судски спорови против МВР преку (сега разрешениот началник на СВР Штип) – Дејан Салтировски? Дали Тошковски лично ургирал за Дејан Салтировски да добие безбедносен сертификат? Што правеле во Кочани еден час пред трагедијата Дејан Салтировски (како тогашен началник на СВР Штип) и неговиот кумашин Ванчо (како тогашен помошник-началник во СВР Штип)?

Левица ќе продолжи да бара одговори за трагедијата во Кочани, затоа што и два месеци после кобната ноќ, ниту еден актуелен висок функционер не е изнесен пред лицето на правдата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

Левица предлага закон за двојно зголемување на износот за поврат на ДДВ по физичко лице