„Левица“: Да се слушне гласот на сиромашните и обесправените

Од:

Носителот на изборната листа од втората изборна единица Трајче Стојанов и кандидатите за пратеници од политичката партија „Левица“, денеска одржаа прес-конференција на која ја презенираа програмата со која настапуваат на предвремените парламентарни избори.

Во „Левица“ членуваат луѓе што созреале во, како што рече носителот Стојанов, суровите транзициски услови во изминативе 25 години, но и луѓе кои најдиректно биле погодени од тразницијата.

– Од една страна имаме млади мочиња и девојки кои се пораснати на улиците во протестните движења, од друга страна прва генерација на луѓе кои директно ги почуствувале неправдите на ова општество. Тој спој на луѓе кои биле маргинализирани, обесправени и млади образовани кои учеле низ тој болен процес на транзиција се споија и за прв пат, можеби на некој начин граѓаните на Македонија имаат можност да бидат артикулирани нивните ставови, ставови токму на обесправените, маргинирализираните, на работниците, на сиромашните, рече Стојанов.

Потенцира дека „Левица“ е гласот на сиромашните, работниците, обесправените, партија која нуди можност да се слушне гласот на овие категории граѓани.

Убедени сме, рече Стојанов, дека „Левица“ ќе стане парламентарна партија и со тоа ќе може во институциите директно да се слушне гласот на обесправените.

Во програмата, рече има класично леви политики, кои носат бенефит за најобесправените маргинализираните групи во општеството.

– Со самиот факт што успеавме во вакви околности помеѓу две големи партии од македонскиот блок и две од албанскиот да направиме самостојна партија е веќе историја по себе, рече Стојанов, апелирајќи до граѓаните да не одбираат помеѓу две зла.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ