Левица: Цензурата на еден денес, значи режим за сите утре – судии, искинете си ги дипломите!

Од:

Уставниот суд реши да ја одбие Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува на радиодифузерите за поделба на времето за рекламен простор за учесниците на изборите, соопштија денеска од партијата Левица.

Од таму велат „според ова контроверзно Упатство, иако е парламентарна партија, Левица не доби ниту една секунда простор за рекламирање на овие локални избори, а како политичка партија, Левица ни со сопствени средства, нема право на ниту една секунда – реклама, наспроти милионското расфрлање на пари од страна на ДПМНЕ и СДС“.

„Уставниот суд одлучи да го разгледува ова на 3 дена пред изборите и тоа: не по службена должност, туку по поднесената Иницијатива од страна на Левица. Иако контроверзното Упатство, не е објавено во Службен весник, а по својата суштина претставува општ акт и согласно Устав мора да биде објавено за да произведува правно дејствие, ги повредува уставните начела на еднаквост и политички плурализам преку противуставната ЦЕНЗУРА, повредува меѓународни правни акти инкорпорирани во нашиот правен систем, со кои е гарантирано правото на политичко дејствување загарантирано со Европската конвенција за човекови права и со Уставот, сепак, за судиите од Уставен суд тоа не е нималку важно и штетно по уставниот поредок и „во согласност со закон“, настрана што и законот не е уставен – од причина што се работи за дискриминација на партија која е трн во око на олигархијата, нивните газди“ велат од Левица.

Од партијата сметаат дека „цензурата на еден денес, значи режим за сите утре! Апликацијата до Европскиот суд за човекови права е во подготовка, а после денешната одлука на Уставен, убедени сме дека Република Македонија ќе загуби“.

„Судот во Стразбур ќе има полни раце работа по оваа одлука, а ние нема да запреме со правната и институционална борба за основните демократски права! Со ова Уставниот суд уште еднаш покажа дека не е на нивото да ја врши својата суштинска должност – оценувањето на уставноста на правните акти! Судии, искинете си ги дипломите!“ порачаа од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски