Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Од:

Триста лица болни од хемофилија, повеќе од шест месеци, се оставени без неопходната терапија поради нераспишан тендер за набавка на лекот „Фактор 8“. Пациентите предупредуваат дека состојбата им станува критична, а последиците по нивното здравје се сѐ потешки, велат од партијата.

Без редовна терапија, голем дел од заболените се принудени со месеци да лежат во кревет, со сериозен ризик од внатрешно крварење, оштетување на зглобовите и атрофија на мускулите. Наместо итна реакција од институциите пациентите тврдат дека од надлежните добивале цинични одговори.

„Ни беше кажано да почекаме да поминат изборите, да поминат празниците. Ние за тоа време губиме здравје, а можеби и живот“, велат пациентите.

Болните од хемофилија реагираат дека институциите со месеци се кријат зад тендерски постапки и бироктратски изговори, наместо итно да изнајдат решение. Тендерите не смеат да бидат оправдување за неспособноста на власта да го реши проблемот.

Бараме од Министерството за здравство и од Владата итно да се обезбеди лекот „Фактор 8“ за непречена и континуирана терапија на болните од хемофилија. Секое понатамошно одложување значи директна одговорност за последиците по здравјето и животот на овие лица, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он