Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Од:

Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен пропуст на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој предизвика оправдано прашање за нивната ефикасност, велат од партијата.

„Имено, се работи за скандалозен случај со верски екстремизам, односно за оџата Ахмет Калаја, исламски свештеник, на кој во април 2023 година му бил забранет влез во Република Македонија поради безбедносни причини. Но, минатиот период, овој верски екстремист одржал проповед и говор во Албанскиот театар во Скопје. Проповедта се случила пред поголема група луѓе, на настан организиран од издавачката куќа Нур, кој ја претставува оџата Беким Халими(поврзуван со Ал Каеда). На настанот присуствувале и малолетни деца, што дополнително ја засилува загриженоста за безбедносните ризици.

Прашањето што се поставува е како е возможно ова лице, кое претходно било сметано за опасност, да влезе во земјата и да одржи јавен настап, без да биде спречено од АНБ. Овој инцидент поставува сериозни прашања за капацитетот на АНБ да се справи со ризиците и да ја заштити безбедноста на државата.

Левица бара одговор од новиот директор на АНБ – Бојан Христовски за овој сериозен безбедносен пропуст кој државата ја изложува на верски радикализам. Во време кога безбедноста на земјата треба да биде на прво место, вакви инциденти само ја нарушуваат довербата во безбедносните институции и поставуваат сериозни прашања за нивната способност да се справат со актуелните закани“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Партиите на олигархијата во заговор против Левица – да се зададе удар на оваа ламја која триесет години владее со нас

А1он

(ВИДЕО) Изборната реформа заглавена во политички ровови: Мицкоски повикува на повлекување на амандманите, СДСМ и Левица не отстапуваат

Апасиев: Електронското гласање не е препорака на ОБСЕ/ОДИХР, туку каприц на ДПМНЕ против Левица

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски