Левица: Албанска академија за науките како дел од проектот за федерализација

Од:

Трендот на создавање паралелни национални институции со што дополнително се урнисува унитарниот карактер на Република Македонија, продолжува во исто темпо и со новата власт предводена од ДПМНЕ, велат од политичката партија Левица.

Според нив, новиот партнер на ДПМНЕ во власта, „Вреди“ наместо да донесе нови, прогресивни идеи (ослободени од етно-трибализмот), повторно демонстрира дека нивното практикување власт, по над дваесетте години на ДУИ, не значи промена – туку замена.

-Во ниту една унитарна држава не постојат две паралелни научни академии, затоа што науката не може да биде заробена од етнички концепти. Ваквите етно-шовинистички барања на „Вреди“ единствено ја продлабочуваат веќе длабоко наметната бинационална држава и дополнително водат кон федерализација! Додека партнерите од власта ДПМНЕ и ЗНАМ се „изненадени” од ваквите изблици, потсетуваме дека токму Билал Касами од „Вреди“ отворено ги има промовирано своите великоалбански претензии, па дури и изјавуваше дека Македонија (после Косово) ќе стане трета албанска држава, се наведува во денешното соопштение од Левица.

Од Левица посочуваат дека наместо поништување на штетните политики кои длабоко го дезинтегрираа македонското општество и доведоа до негова либанизација, новата владејачка гарнитура нема капацитет, ниту пак политичка волја за враќање на унитарноста на македонската држава.

Претставници и лидери на партиите кои ја сочинуваат коалицијата „Вреди“ викендов имаа средба со Здружението Албанска академија на науките и уметност во Тетово од која најавија дека општините ќе го финансираат ова здружение, а најавија и активности со цел да се оформи академијата како јавна установа, што пак предизвика реакција и несогласување кај нивните коалициските партнери во Владата – ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, како и опозициските СДСМ и ДУИ.

Би можело да ве интересира

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден