Левица: 102 имота во имотниот лист на ДПМНЕ – која им е вредноста и од каде ви се толку пари?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота распоредени на атрактивни локации низ цела држава. Кога ќе се погледнат добро 102-та имотни листа, во нив ќе се видат не само објекти, туку и шуми, ливади, пасишта, ниви!? Имајќи ја предвид нивната мегаломанска бела палата и сите овие 102 имота, ВМРО-ДПМНЕ е најбогатата политичка партија не само во Македонија, туку и во Европа, велат од Левица.

„Од Левица јавно прашуваме и бараме директен одговор од ДПМНЕ: Колку е вредноста на сите овие 102 имота, запишани на 102 имотни листа и од каде ви се средствата со кои сте ги купиле? На народот му должите одговори, а не замајување на јавноста со избегнување на одговорот и во вмровски стил – вртење на темата во друга насока.

На народот му должите одговори, бидејќи наспроти луксузот во белата палата на ДПМНЕ, се распаѓаат крововите на болниците. Наспроти вредноста на вашите над сто имота, вие како власт немате пари за лекови! Како власт не водите сметка да има пари за центар за изгореници! Не издвојувате пари за зголемување на минимална плата! Немате пари за противпожарни возила! Немате пари за наставниците, за персонал во градинките, за земјоделците, за стечајците, за работниците! Ненаситно и бездушно сте насочени кон остварување на вашите капиталистички интереси, кон градење на суров капитал без око да ви трепне за основната егзистенција на народот, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали