Летово обнова на седум улици во Општина Центар

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги потпиша барањата за спроведување постапка за јавна набавка која се однесува на реконструкции на 7 општински улици, соопшти денеска општината.

Овие реконструкции, наведуваат од локалната самоуправа, се дел од големата летна градежна офанзива на Општина Центар, која на крајот на летото, односно почетокот на есента, предвидува да бидат обновени вкупно 37 улици во општината.

Барањата за реконструкција ги опфаќаат улиците: „Петар Поп Арсов“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2959 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 591 метар), „Рајко Жинзифов“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2796 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 400 метри), „Дебарца“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1286 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 257 метри), „Партизанска“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 632 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 180 метри), „Ристо Шишков“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 2268 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 378 метри), „Црвена Вода“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1286 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 257 метри) и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ (нов горен и долен слој на асфалт на површина од 1448 метри квадратни и нови тротоари со рабници во должина од 413 метри).

-Со реконструкциите на овие седум улици ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општината, ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите, корисниците на алтернативни средства за транспорт и останатите учесници во сообраќајот, велат од Општина Центар.

Најавуваат дека продолжуваат со интервенциите на уличната мрежа во летните месеци, со што крајната бројка за овој период, заклучно со почетокот на есента, ќе изнесува 37 обновени улици, а согласно планот за работа, наредни за реконструкција се улицата „Елисие Поповски – Марко“ и улицата „Мирослав Крлежа“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата