Летово измерени рекордни 28 степени на водата на Охридското езеро

Од:

Ова лето е измерена рекордна темепратура на водата во Охридското езеро од 28 степени. Според надлежните причина е топлото и суво лето и високите температури на воздухот што допринело и темепературата на езерската вода да достигне така висока температура, не запамтена последниве неколку години.

„Оваа година посебно одговараше за туризам во Охрид, затоа што имавме долго и топло лето.Имавме температура на езерото која што достигнуваше и до 28 степени, што за ваков тип на езера е доста висока температура. Поради тоа, езерото оваа сезона беше многу пријатно за капење.Претходните неколку години езерото не достигнуваше така високи темеператури од 27,5- 28 степени целзиусови во овој период од година. Ова лето има значително повисоки температури рече за А1, Атанаско Михаилов директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски