Летно сметање на времето од недела 31 март

Од:

Летното сметање на времето започнува в недела на 31 март во два часот, кога со поместување за еден час нанапред времето во два часот ќе се смета како три часот.

Владата, на предлог на Министерството за економија, денеска на седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.

Како што соопшти вечерва владината прес-служба, летното сметање на времето завршува на 27 октомври во три часот, така што со поместување за еден час наназад времето во три часот, се смета како два часот.

Одлуката за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви

Би можело да ве интересира

Почна летното сметање на времето

Почнува летното сметање на времето

А1он

В недела завршува зимското сметање на времето – стрелките се поместуваат еден час нанапред

Потсетување за завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година

Ноќеска почнува летното сметање на времето

Почнува зимското сметање на времето

Ана Ололовска