Летна академија за личен развој, лидерство и демократија во Крива Паланка

Од:

Дваесет млади девојки и момчиња од Крива Паланка на возраст од 13 до 18 години се дел до Летната академија за личен развој, лидерство и демократија финансирана од организацијата „Обединети преку љубов“.

– Настанот произлезе како подпроект од проектот „Bringing backgrounds“ кој се реализираше минатото лето од страна на „United by love“ а јас како дел од учесниците го спроведувам овој настан – академија на која преку отворена онлајн апликација имаа можност да се пријават сите ваинтересирани млади од општината, рече Андријана Алексовска, имплементатор на академијата.

Академијата ќе опфати три тематски работилници за личен развој, со емоционална интелигенција и стилови на комуникација, лидерство, со емпатија, лидерство и лидерски стилови и демократија, и за улога на институциите, значење на демократијата и човекови права.

– Низ игра и интерактивен начин на работа, преку дискусии и тематски работилници ќе го доближиме неформалното образование до младите, поттикнувајќи ги да ги забележат убавините на ваквиот начин на учење, додаде Алексовска.

Според неа, целта е младите да ги усовршат лидерските вештини, да се развијат како личности и да израснат во лидери кои ќе бидат активни граѓани што ќе креираат и иницираат идни промени и напредок во заедницата.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски