Летен режим за истовар на патници и паркирање автобуси во Охрид

Од:

Согласно новиот режим на сообраќај и паркирање во летната сезона во Охрид, организираните групи туристи што ќе пристигнуваат со автобус во градот, симнувањето и качувањето во автобусите ќе треба да го вршат во строго одреден дел, поточно на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ до пресекот со улицата „Партизанска“, кај универзитетот „Свети Апостол Павле“.

Автобусите со новиот режим на паркирање во центарот на градот нема да имаат пристап до кружниот тек кај Градскиот плоштад, а за нив е обезбедено место за паркирање зад спортската сала „Билјанини извори“.

Според усогласените правила, сите автобуси паркирани на други локации ќе бидат казнувани согласно Законот за непрописно паркирање.

Инаку, цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а 600 денари за 24 часа.

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски