Лепиткова: Успешно се реализира проектот за управување со речниот слив на Брегалница

Од:

Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница има за цел спроведување на законот за води во Република Македонија и тој се реализира во 14 општини од Источна Македонија, вклучувајќи ја и општината Конче, истакна државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова при денешната посета на Кочани.

Проектот е финансиран од Швајцарската влада во вкупна вредност од 40 милиони франци, а во него се вклучени и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општините од регионот на Брегалница.

Проектот има интегриран пристап и вклучува различни сектори: индустрија, земјоделство, водостопанство, хидроенергија, водоснабдување и пречистување на отпадните води, туризам, животна средина.

Според градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, проектот е од особена важност бидејќи со него ќе се реши проблемот со раздвојување на атмосферските и фекалните води, со прифаќање на шесте колектори од општина Кочани во пречистителна станица.

– За таа цел седиштето на овој проект е во Кочани и него го реализира тим експерти од Швајцарската влада, Министерството за животна средина и просторно планирање и од општината Кочани, појасни Димитровски.

Би можело да ве интересира

Обвинение за скопјанецот кој истепа две деца на натпреварот „Брегалница“ – „Шкупи“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Притвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

А1он

МВР: Уапсен е еден родител кој учествувал во инцидентот во Штип

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Две деца се тешко повредени откако родители на играчи на „Шкупи“ влетаа на терен и нападнаа фудбалери на „Брегалница“

Горан Наумовски

Во реката Брегалница е пронајдено тело на маж по кого се трагаше

Намален водостојот на Брегалница, нема опасност од поплави во штипскиот регион