А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лепавцов: Нема повредени и загинати македонски дипломати, се чека информација од белгиското МВР за македонските граѓани

by А1он22/03/2016 - 12:03152
Share0

Нема повредени и загинати македонски дипломати во денешните симултани терористички напади на Националниот аеродром Завентем во Брисел, како и во бриселското метро на станицата Малбек, соопшти во изјава за МИА Андреј Лепавцов, амбасадор во Постојаната мисија ан Република Македонија при Европската унија.

Добивај вести на вибер

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Лепавцов потврди дека македонската амбасада и Постојаната мисија при ЕУ денеска продолжуваат со работа и покрај рестрикциите во европската област во Брисел каде што на стотина метри од македонските дипломатски претставништва беше извршен бомбашкиот напад во метрото.

Сепак, за информацијата дали има загинати или повредени македонски граѓани во терористичкиот напад, амбасадорот Лепавцов истакна дека се очекува официјална информација од органите на Кралството Белгија.

– Сите македонски дипломати се безбедни и нема повредени и загинати. Нашите дипоматски претставништва продолжуваат со редовна работа, а од белгиските официјални органи очекуваме информација за тоа дали меѓу повредените и загинатите има македонски граѓани, ни изјави македонскиот амбасадор Андреј Лепавцов.

belgija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На митинг во Белгија шест лица се тешко повредени

Горан Наумовски22/01/2026 - 22:55

Идетификуван скелет на македонски државјанин исчезнат во Брисел пред 22 години

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 08:0122/01/2026 - 08:04

Белгија контра планот за користење на руските милијарди

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 16:55

Вевер: Не може да се бара невозможното од нас

Горан Наумовски05/12/2025 - 11:50

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски02/12/2025 - 13:4002/12/2025 - 13:59

Де Вевер: Користењето на замрзнатите средства на Русија може да го загрози мировниот договор

Горан Наумовски28/11/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен