„Ленка“: Не сакаме комисии да одлучуваат за нашите тела и животи

Од:

„Ленка“ ја поддржува иницјативата за повлекување на Предлог – законот за прекинување на бременоста, образложувајќи дека на тој начин, државата агресивно ја напаѓа автономијата на здравствените установи.

Движењето апелира дека со носењето на овој Закон, се продолжува со безобразната кампања за градење „здрава нација“, што може да резултира со ужасни последици по животот на младите жени и судбината на нивните семејства. Исто така, постои ризик да се зголеми бројот на оставени деца и нелегални абортуси, а особено за посиромашните сограѓани, кои немаат пари за контрацепција.

– Не сакаме „етички“ комисии да одлучуваат за нашите тела и нашите животи, „гинеколошки“ ординации во подрумите на болниците, оскатени девојки за кои животот може да прекине уште пред да започне. Сакаме солидно сексуално образование во училиштата, право на избор и генерации што ќе растат во здрави семејства и во достоинствени социо-економски услови – велат од „Ленка“

Во соопштението на „Ленка“ по повод Предлог- законот за прекинување на бременоста, се вели дека рестрикционите механизми кои го ограничуваат правото на избор на жената не се базирани на научни истражувања и на медицински докази и сметаме дека нивната задача е да го отежнат и бирократизираат веќе, самиот по себе, емотивно тежок чин за жената која се одлучила на абортус.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски