Лекарската комора на Македонија најостро го осудува нападот на доктор во Тетовската болница

Од:

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува последниот инцидент во Клиничка болница во Тетово. Во претпладневните часови денеска родител на пациент нападна и со удари во главата повреди доктор на Одделението за дерматовенерологија.

– Со оглед дека ова е само последен ваков инцидент во македонското здравство, Комората ги повикува надлежните институции и одговорните лица да преземат конкретни мерки за да се спречат ваквите инциденти на физичко насилство над здравствените работници кои согласно законската регулатива на своите рабони места се службени лица, се вели во соопштението од Лекарската комора на Македонија.

Комората, како што се наведува, има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, и осудува какво било насилство врз медицински персонал.

– Медицинарите секојдневно се борат за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба. Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина, стои во соопштението.

Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници. Од Лекарската комора сметаат дека само безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.

Според Лекарската комора на Македонија, неопходно е насилството во здравството сериозно да биде сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи.

– Со помош на полицијата и правниот систем мора ефикасно да се справиме со сите негови облици на национално ниво. Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува, се вели во соопштението од Лекарската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец ги злоставувал 16-годишните ќерки

Куршуми и брканици, осуденици од Издризово бегале од полиција со ренџ ровер, завршија во ендек

Катерина Ѓуровски

Ја нападнал партнерката и и го зел тримесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Прегазени две девојчиња од 12 и 13 години во Скопје

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

Предраг Петровиќ

Во дворот во куќа во Ајватовци садел канабис, во спалната имал комора за сушење

Катерина Ѓуровски