Лекарите од Клиниката за ортопедија за првпат пресадија коскено ткиво од починат дарител

Од:

На Клиниката за ортопедски болести е изведена првата трансплантација на коска кај 19-годишен пациент, а операцијата траеше пет часа. Кај младиот пациент е пресадена коска од починат дарител. Тимот хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија. Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт, велат од Клиниката.

Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски.

Експлантацијата на коскените ткива се случи на 17 април, кога тимот хирурзи од Клиниката за Ортопедија предводен од д-р Александар Трајановски ја направи првата експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Сите експлантирани графтови беа микробиолошки тестирани и складирани за презервација на температура од -40 во Банката за коскени и меки ткива во склоп на Kлиниката.

Инаку коскените трансплантанти имаат огромен бенефит за пациентите и се користат кај оштетувања на скелетот предизвикани од бенигни и малигни тумори, состојби после трауми, последици од пропаднати ендопротези, вродени аномалии како и кај ред други заболувања кои прават оштетувања на скелетот.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

Орце Костов

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата