Лекарите и се поклонија на девојката чие срце спаси живот на 27-годишно момче

Од:

Докторите и се поклонија на девојката која почина во сообраќајна несреќа, а чие срце беше трансплантирано во телото на дваесет и седумгодишно момче.

Фотографија од поклонот ја објави министерот Венко Филипче кој напиша дека младиот живот на девојката трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот.

„Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство. Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“ – напиша Филипче во објавата.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи