Легализирани дивоградби – сериозна кочница за инфраструктурни зафати

Од:

Неплански изградените објекти, кои подоцна со постапка за легализација се озаконети, претставуваат рак-рана на урбанистичкото планирање. Некои од нив попречуваат изградба на улици, на приоди кон други објекти и оневозможуваат нормално сообраќајно функционирање.

Во таква ситуација се наоѓа и кочанскиот музичар од светски ранг и основач на познатиот „Кочани оркестар“, Неат Велиов, кој поради болест од пред извесен период останал инвалид.

– Четири години сум болен, во количка сум, но не можам да се движам по мојата улица за да си дојдам дома. Ги повикувам надлежните да ја изградат, затоа што нашето маало имаме мали деца и болни стари, а ниедно такси не сака да дојде овде, истакнува Велиов.

Од Општина Кочани рекоа дека имаат сериозни проблеми со решавањето на слични инфраструктурни прашања поради дивоградби што се легализирани и ја кочат изградбата на оваа и други улици.

– Направивме контакти со министерот без ресор Аксел Ахмедовски и веќе се издвоени средства за да го изградиме кракот од околу 280 метри на оваа улица и да овозможиме нормално движење на жителите. Работиме на тоа целосно да го уредиме просторот во оваа градска четврт која опфаќа повеќе семејства со ниска социјална структура, но факт е дека дивоградбите што се легализирани се голема пречка, истакна Александар Гицов, раководител на Одделението за урбанизам во Општина Кочани.

За градоначалникот Николчо Илијев дивоградбите се наследен проблем кој со ист или помал интензитет продолжува да загрижува.

– Граѓаните мора да бидат свесни и да им биде јасно за сите последици и ризици кои ги носат со непочитување на законите. Кога е во прашање изградбата на објект без техничка документација, без градежна дозвола, тоа е нелегален објект, се прави кривичен престап, а исто така не постојат никакви услови тој објект да биде легализиран. Тоа значи дека или ќе биде срушен или за цело време на неговото постоење е дивоградба и сопственикот не може да ги оствари своите права кои го следуваат по основ на сопственост, вели Илијев.

Градоначалникот апелира сите граѓани на Кочани се воздржуваат во делот на пречекорувањето на нивните права и да ги почитуваат законите.

Во првиот законски рок за легализација на бесправно изградените објекти до стручните служби во општина Кочани биле поднесе 5.988 барања, од кои досега се решени близу 80 отсто.

Со продолжувањето на рокот за легализација до крајот на годината, овој број е зголемен за уште околу една третина, поради што може да се очекува со озаконувањето на дивоградбите да се појават нови проблеми во решавањето на инфраструктурните прашања во иднина.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски