Легализирале нелегален престој на 87 странци за „Лимак“, поднесени кривични од вработени во Агенција за вработување

Од:

Вработени во Агенцијата за вработување легализирале нелегален престој и работа на 87 странци преку издавање на обрасци за пријава на работа во турската компанија „Лимак“ која гради позади „Рамстор“. Министерството за внатрешни работи поднесе две кривични пријави против вработени во Агенцијата за вработување, кои ги сомничи дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

МВР тврди дека странците немале легален привремен престој во Македонија, а со тоа, не можеле ниту да засноваат работен однос. Со тоа, обрасците за пријава на работа на странци кои службениците ги издавале на „Лимак“ биле нелегални.

„Му овозможиле на правното лице да избегне плаќање на давачки кон државата по основ на персонален данок на доход и плаќање на давачки за придонеси по основ на задолжително социјално осигурување во износ од 593.056 денари, за која сума правното лице прибавило противправна имотна корист и воедно за истиот износ пријавените предизвикале штета на буџетите на Фондовите на Република Северна Македонија. Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје, двајцата вработени во Агенција за вработување“, велат од МВР.

На крајот од јануари, полицијата откри 97 градежници, странци без регулиран престој на градилиштето зад „Рамстор“, кај Стара железничка во Скопје. Непознато е дали тој случај е поврзан со злоупотребите за кои МВР поднесе кривични пријави. Тогаш, МВР најави дека ќе поднесе пријави против странците, фирмата каде работеле и 15 други фирми-подизведувачи.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР