Лефков: Заев и Филипче нуделе двојно повисока цена за кинеската вакцина за да има провизија преку фантом фирмата од Хонг Конг

Од:

Министерството за здравство на сметка на Стабри Интернешенал, фантом фирма од Хонг Хонг уплатила 12.5 милиони евра за 200.000 вакцини. Документ издаден од Дојче банк на 25 јануари 2021 година, која требала да послужи за склучување на договор со Синофарм за купување на 200.000 вакцини за потребите на Македонија го потврдува тоа – рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„Од каде и на фирма со тројца вработени 12.5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои македонската влада на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?! Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина. Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари. Дали разликата од 30 долари требала да заврши на други сметки, односно на сметка на фантомската Стабри Интернешенал, за потоа преку оф шор сметки да бидат испумпани парите и да завршат во џебовите на функционерите од врвот на власта“ – вели Лефков.

То порача ЈО да не молчи и да се не прави ненадлежно, туку да го испита случајот, во кој минимум 6 милиони долари ќе завршеле во приватни џебови.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски