Лефков: Стефан Богоев е типичен пример како од голтар преку политика во СДСМ се станува милионер, исто како Димитар Ковачевски

Од:

„Додека граѓаните на Македонија тонат во сиромаштија, елитата на СДСМ преку политиката стануваат милионери. Со плата на политичар никој не се збогатил, туку се збогатуваат корумпираните политичари кои на грбот на народот преку ноќ стануваат милионери. Стефан Богоев и Димитар Ковачевски се типичен примери како преку политика се станува милионер. Стефан Богоев со своите 32 години има огромен милионски имот“, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Богоев на својот последен анкетен лист кој го пријавил како градоначалник прибележал имот свој личен, и имот на семејството кој се состои од 3 стана во Скопје, два во Охрид и една куќа во Скопје.

Богоев има недвижнини како да е агенција за изнајмување на недвижен имот, а не политичар, граѓанин кој земал плата од 60тина илјади денари. Но, тоа не е се. Богоев има наведено и 3 автомобили од марките: Сеат, Шкода и Нисан, и скутер од марката Априлија.

Имотот на Богоев оди понатаму, па фамилијарниот имот вклучува и земјоделско земјиште во Скопје во милионска вредност од 1,9 милиони. Богоев е функционер од СДСМ, тој бил претседател на СДММ, пратеник и градоначалник, тој е пример за луѓе кои влегуваат како голтари, а од политиката излегуваат милионери.

Сличен е примерот и со Димитар Ковачевски, чиј што татко бил градоначалник и амбасадор од СДСМ, тој се јавува како косопственик во фирмата за фотонапонски панели Пискел гроуп. Според официјалните изјави тој ја напуштил сопственичката структура на истата, но постои дилемата дали Ковачевски навистина се повлекол или е во скриено сопствеништво на фирмата, и дали таа фирма ќе се јави како изработувач на панелите на неколкуте фотонапонски централи во земјава?

Дали моделот од голтар до милионер дословно се применува и од Ковачевски? ДКСК да ги испита сите функционери од власта кои во изминатиов период имаа зголемување на своите имоти“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела