Лефков: Спасовски да си поднесе оставка, прикриваше убиство и МВР менуваше изјави се додека не излегоа снимки кои ја покажуваат вистината

Од:

Власта, Ковачевски и Спасовски прикривале убиство. Четири дена Спасовски и надлежните менуваат изјави, дека ракометарот Тот починал од природна смрт, па без траги од насилство, за на крај да признаат што всушност се случило. Но сепак не дадоа одговор зошто 4 дена криеја и требаше медиумите и опозицијата да извршат притисок за вистината да излезе на виделина рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМЕ Миле Лефков.

– Во четвртокот МВР излезе со официјален став, преку нивната страна на фејсбук, со кој го класифицираат настанот како обична несреќа. Од снимката која излезе во медиумите јасно се гледа дека ракометарот Тот е тепан од три лица, а на настанот има десетина сведоци. Овие снимки кои ги објавија медиумите, но и други снимки од околните објекти, како и од системот сејф сити ги поседуваат и во МВР, како и изјавите од сведоците на настанот. Но тие наместо да ја кажат вистината се втурнаа во прикривање на убиство. Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка. Со секој поминат ден на чело на МВР тој е опасност дека вакви настани ќе се случуваат и во иднина, и повторно тие ќе бидат прикривани рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела