Лефков: Се потврди дека Заев е во преговори за бугарската декларација

Од:

По прес конференцијата на пратеникот Миле Лефков, беше прашан од медиумите кој е коментарот за денешните преговори на Заев со официјална Софија.

„Се потврди дека Зоран Заев е во преговори за бугарската декларација и дека само притисокот на домашната јавност и само блокадите кои што ги правевме можат да го откажат Зоран Заев од ново национално предавство“, рече Лефков.

Лефков апелира за да не се случи „уште едно ново предавство во кое Зоран Заев ќе прифати се што бугарската политика го бара од Македонија. Нашите црвени линии мора да бидат македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја, тоа е она што не прави посебни како Македонци и различни од сите други народи“.

„И Македонија не е на Зоран Заев ниту на Вице Заев, Македонија е на сите луѓе“, нагласи Лефков.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му