Лефков: Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и

Од:

Грдото лице на власта на СДС и ДУИ, Филипче како министер аминуваше милионски тендери од Ирина Пановска кон фирмата на татко и рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Филипче како министер можеше да ја разреши директорката на Хематологија Ирина Пановска, доколку навистина сакаше да ги спречи тендерите од ќерка на татко. Филипче не само што не ја разреши, туку со своето недејствување и ги аминуваше милионските тендери од Клиниката за Хематологија каде директор беше ќерката Пановска, кон Веледрогеријата Др. Пановски на таткото Пановски. По неколку милиони секоја година завршуваа од сметката на Клиниката за Хематологија на сметка на Др. Пановски. Тоа е грдото лице на власта на СДС и ДУИ, тоа е причината за која Филипче стана претседател на СДС. Кога ќе биде прозван за одговорност или ќе биде поведена постапка против него, да се вади на политички притисок и со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе може да се повтори шемата со Пановски и ним сличните, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски