Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ, а треба јавно да кажат зошто дозволиле Груби да ги краде народните пари

Од:

СДС и нивниот прв човек, Венко Филипче во времето кога беа власт, кога стануваше збор за ДУИ и посебно за Артан Груби, глумеа дека ништо не знаат за криминалот на партнерите. Демек ниту виделе, ниту слушнале, а знаеја сите што прави конкретно Груби, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– СДС и Филипче сега влегоа во филм да зборуваат ДУИ не чини или само декларативно се оградуваат од нив. На СДС и Филипче треба да им е јасно дека тоа не е доволно. СДС и Филипче за почеток треба да излезат на прес-конференција и да им се извинат на граѓаните што дозволиле ДУИ и Груби да ги крадат народните пари. Филипче како прв човек на СДС треба да признае дека додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ истата ги дозволувала криминалните активности на ДУИ.Токму поради ова Филипче треба да помогне на правосудните органи во докажување на криминалот, бидејќи се претпоставува дека се минимум правно писмени и треба да знаат дека доколку не ги споделат информациите може да се сметаат и за соучесници. Значи Филипче и СДС прво треба јавно да се извинат, да се оградат и да помогнат на правосудните органи во докажувањето на криминалните активности на ДУИ во период кога беа коалициски партнери. Доколку не го сторат тоа, СДС ќе остане уценувана партија, партија со личности на кои им се важни само личните и партиските интереси, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

А1он

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата