Лефков до Ковачевски: Дали чувствувате одговорност со случајот со Зекири, што практично Ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник?

Од:

Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања истакна дека има едно прашање за премиерот Ковачевски, а другите две прашања би сакал да ги постави на обвинителот Јовевски.

„Почитуван премиер Ковачевски, од изборот на Владата до денеска се случија многу непријатни моменти и за јавноста и за граѓаните. Во Македонија од Владата преводена од Вас за жал се живее секој ден се потешко. Меѓутоа гледам дека за тоа не сте многу загрижени. Имаме енергетска криза, галопирачка инфлација, зголемување на сиромаштијата, живееме во национална катастрофа. Имаме премиер, извинете што ќе речам меѓутоа кој што народот не го познава, кој што предводи една опструирана Влада и да знаете дека тоа е вистината. Меѓутоа она што би сакал сега да зборувам, нема да зборувам за новото задолжување кое што го најавивте и тоа 900 милиони евра, ново задолжување, тонеме од ден во ден. Меѓутоа нема за тоа да зборувам, сакам да зборувам за нешто друго, а би сакал да зборувам отворено овде од говорница за Вашите релации со криминалот во Владата, да разговараме за Вашата одговорност во владата. имено Вашиот генерален секретар е фатен во тежок криминал. Двајца генерални секретари фатени во тежок криминал во рок од пет години. Сега гледаме дека генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска документација. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле државни пари. За Зекири се бара притвор, за хрватските државјани се сознанијата дека се надвор од земјата. Случајот за злоупотреби на генералниот секретар беше обелоденет на 08.04.2022 и како што е познато тие изготвувале физибилити студија која што чинела еден милион евра“, кажа Лефков.

Тој додаде дека Ковачевски, Зекири во Собрание го има предложено за генерален секретар на Влада.

„Она што сакам да Ве прашам следното, на 11-та седница на Владата сте донеле заклучок со кој што Владата ги задолжил заменикот на претседател на Владата задолжен за економски прашања, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат подготовка на физибилити студија. Како Битиќи, Крешник Бектеши и Јани Макрадули кои биле задолжени за постапката се поврзани со криминалот на Мухамед Зекири, односно со криминалот на генералниот секретар? Колку прекршоци се направени? Дали сметате дека има и дополнителни прекршоци на етичкиот кодекс со кој што се фалевте дека ќе се борите против корупција? Дали размислувате и дали чувствувате одговорност од ова што се случувало во Владата, во која Вие ја водите, што практично ви се случувало пред нос, а Вие или не сте знаеле, или сте биле соработник“, го праша Лефков, Ковачевски.

Лефков следното прашање го постави до Љубомир Јовевски во врска кривичната пријава која што беше поднесена од државното правобранителство против Артан Ајро специјален обвинител на Специјалното јавно обвинителство сега обвинител во Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Гаврил Бубевски поранешен специјален обвинител на СЈО сега шеф на Основно јавно обвинителство – Скопје и Арафат Муареми поранешен истражител на Специјалното јавното обвинителство, а сега директор на Управата за финансиска полиција и Сеад Кочан поранешен сопственик на „Трансмет“. Според кривичната пријава од правобранителството тие заедно и со меѓусебен договор организирано во група првопријавениот Арта Ајро и второпријавениот Гаврил Бубевски во постапка пред суд, а трето пријавениот Арафат Муареми во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот Сеад Кочан дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконското постапување од страна на четвртопријавениот, а првопријавениот и второпријавениот според кривичната пријава не ги презеле сите законски пропишани и правни дејствија кои биле должни да ги преземат во постапка. што се случува, до каде е оваа постапка?

„Она што е заедничко и за првото и второто прашање е и што и двете беа обелоденети на 08.04.2022 година, црн петок кога дознаваме дека и генералниот секретар е вмешан во криминал тежок еден милион евра и во исто време дознаваме дека и имот кој што требало да биде запленет и да биде сопственост на државата се раскрчмувал, се делел, без никој да води сметка“, појасни Лефков.

Лефков третото прашање кое што го постави исто така беше насочено кон обвинителот Јовевски.

„Последното прашање ми е навистина мачно и тешко да го поставам, меѓутоа седум месеци поминаа од стравичната несреќа во модуларната болница во Тетово. Седум месеци, од 8-ми септември до денеска, каде што ни гореа живи луѓе и Вие секогаш успевате да ја замолчите јавноста кога кажувате дека такви теми биле многу мачни, биле многу тешки и не треба да зборуваме. Па, не смееме да ги оставиме тие работи да бидат заборавени. Сакам да Ве прашам дали кривично некој ќе одговара з апожарот во модуларната болница во Тетово“, запраша Лефков.

Лефков рече дека апсурдна е ситуацијата да се чека превод на извештаите со месеци.

Би можело да ве интересира

За Груби пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се чипувани: Не одговори на прашањето зошто делува како менаџер на „Бехтел и Енка“

Орце Костов

(ВИДЕО) Маричиќ и испрати бакнежи на пратеничката Дафина Стојановска: „Лигав еден, како не ти е срам“

Орце Костов

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски од Собрание до ВМРО-ДПМНЕ: Ставивте во затвор 36 луѓе за кои око не ви мрднува, а со вашиот лидер ургирате да се заштитат парцелите во Делчево

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Постапете согласно законот, ДУП-от за Карпош, за дел во Злокуќани не е во корист на граѓаните

Ана Ололовска