„Лед екран“ од 600 000 евра ќе се става на зградата на поранешна Комерцијална банка

Од:

На „Палатата АСНОМ“, позната на скопјани како поранешното седиште на Комецијална банка ќе се поставува лед екран за надворешна употреба. Владата за ова ќе потроши 37.800.000 денари или околу 615.000 евра.

Според огласот за избор на најповолен понудувач, на компаниите им е оставена можноста да ги достават своите понуди најдоцна до 11 јануари 2016 година. Оваа т.н. палата, лоцирана веднаш до новиот Уставен суд, во иднина ќе претставува административна зграда.

komercijalnabanka

Во внатрешноста на објектот се одвиваат реконструктивни работи. Македонската влада за првата фаза од адаптацијата и ентериерното уредување на просториите потроши 20 милиони денари, или околу 320.000 евра. За потребите на владините административци во изминативе месеци се уредуваше кујната и ресторанот од овој објект.

Идната административна зграда засега не е променета во „барокен“ архитектонски стил од проектот „Скопје 2014“.

Владата го купи поранешното седиште на Комерцијална банка во 2012 година.

А.Б.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он