ЛДП: Најнеискрениот министер да ја признае капитулацијата на владината економска програма

Од:
Неразвоен, предизборен, ваков е Предлог буџетот за 2013 година, oценува ЛДП.
Ова, велат  е буџет со кој Владата ја признава својата немоќ да се справи со кризата. Прашуваат каде се во Буџетот парите за вработените за Охис, каде се парите за бранителите. Власта велат,  планира, како и изминатите години да се луксузира, а за она каде што гори, се штеди.
„Пари има за споменици и автомобили, за мебел и патувања, но не и за неопходните патишта, водоводна мрежа, болници и училишта.Наместо економски и со развојна компонента, проектираниот Буџет за 2013 е предизборен за купување на социјален мир и следен мандат“, вели дејан Блажески.
Зголемувањето на социјалните трансфери за 5,6 проценти во однос на 2012,оценува,  само ја покажува катастрофалната социјална состојба на македонскиот граѓанин.
Ова, вели Блажески  е буџет на екстремно богата влада и на екстремно сиромашни граѓани.
Кај расходната страна, укажува,  имаме се поголемо и поголемо намалување на капиталните инвестиции во обем, приходите во буџетот, главно ќе одат за покривање на платите,пензиите  и други социјални трансфери, а инвестициите кои се отрпилика колку и буџетскиот дефицит, ќе се финансираат со заеми.
ЛДП го повикува министерот Ставрески, да престане со политикантските говори во кои само декларативно ја  брани социјалата и приватниот сектор, кога бројките, кои се најважни за еден министер за финансии го покажуваат спротивното.
ЛДП бара од најнеискрениот министер воопшто појавен до сега  на политичката сцена во Македонија, да ја признае капитулацијата на  владината економска политика, која значи предизборен неразвоен  буџет, катастрофално зголемена сиромаштија, срушен приватен сектор, презадолжена држава и уништено човечко достоинство.

Би можело да ве интересира

Мишиќ: Итни и конкретни чекори за безбедни улици сега, не утре

А1он

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Собраниската Комисија за транспорт не го усвои амандманот на пратеничката Зајкова за преполовување на месечниот надомест на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти од 41.900 на 22.500 денари

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

А1он