ЛДП: Битолското образование се „удави“ во долгови

Од:

„Деновиве, додека Градоначалникот на Битола пливаше и уживаше во некое монденско летувалиште, битолското образование се удави во долгови и обврски со што слободно можеме да кажеме дека е спремно за назначување на  стечаен управник“, рече на прес конференција Горан Милевски од ЛДП, Битола.

ЛДП ги прашува надлежните од Општината дали е точно дека се блокирани сметките на сите основни и средни училишта во градот од страна на фирмата Пуцко петрол од с.Пласница а поради неплатени сметки за користената нафта за затоплување на училиштата од минатата грејна сезона, и дали оваа фирма е во сопственост на висок партиски функционер на ДУИ коалиционен партнер на ДПМНЕ.

ЛДП прашува,  зарем и тие немаат доверба повеќе во Талевски.

„Овој долг на училиштата во градов е само едно од низата неплатени обврски кои училиштата ги имаат спрема доверителите.

– Автопревозниците обвинуваа дека општината им должи за превоз на учениците 1.200.000 евра, имавме примери на исклучена струја во училиштата за неплатени сметки, која невешто се обидоа да ја прикажат како дефект на електричната мрежа, постојат неплатени сметки за вода, комуналии и за нискоградба во висина од неколку милиони денари, а долговите за нафта ја прелеаа чашата и се аларм за превземање на итни санациони мерки“, посочува Милевски.

Според ЛДП, овие долгови се и потврда за лошото и недомаќинско работење на локалната власт во Битола, потврда дека пари во Битола има се помалку и дека очигледно ДПМНЕ  сака локалната власт догодина да ја остави со милионски евра долгови.

ЛДП бара од Владата на Република Македонија бидеј, под итно да интервенира и да ги превземе сите долгови на училиштата, да ги одземе ингеренциите на Градоначалникот во делот на образованието согласно Законот и со тоа да овозможи нормален почеток на учебната година во градот.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство