ЛДП: Загрижени сме од одлуката Македонија да се воздржи од гласањето за резолуцијата во Обединетите нации

Од:

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува загриженост по повод одлуката на Република Северна Македонија да се воздржи при гласањето за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации која ја потврдува поддршката за територијалниот интегритет на Украина и воедно ја осудува агресијата на Руската Федерација.

„Нашата, но и позицијата на македонското Собрание преку усвоената Декларација е јасна и недвосмислена: Македонија мора да стои цврсто на страната на меѓународното право, демократијата и суверенитетот на сите земји, вклучувајќи ја и Украина. Одлуката за воздржаност претставува не само политички сигнал кој може да ја наруши нашата евроатлантска ориентација, туку и да ја доведе во прашање нашата посветеност на принципите на правдата и правото кои се основа на нашето членство во Европската Унија и НАТО.

Како кандидат за членка на Европската Унија, мора да имаме јасно усогласување на својата надворешна политика со политиките на ЕУ. Во ова време на глобални кризи, Македонија треба да биде доследна во поддршката на вредностите на ЕУ, вклучувајќи ги демократските принципи, човековите права и суверенитетот на земјите. Воздржаноста при гласањето на Европската резолуција за Украина е знак на неусогласеност со официјалните позиции на Европската Унија, која ја поддржува Украина во нејзината борба против агресијата.

ЛДП повторно ја потенцира итната потреба за предвремен крај на оваа агресивна војна во Украина и апелира за постигнување праведен, траен и сеопфатен мир. Нашиот глас мора да биде во согласност со вредностите што ги делиме со нашите меѓународни партнери“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он