ЛДП: Во време на криза потребно е итно кратење на надоместоците на комисиските членови кои се 4 пати повисоки од просечната плата

Од:

Намалување на бројот на членови на управни и надзорни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, како и намалување на износот на надоместоците бара Либерално демократската партија со цел кратење на непродуктивните трошења во буџетот особено кога владее економска криза.

– Меѓу два и три милиони евра до лани била годишната сметка плаќана од државниот буџет за членовите во разните управни и во надзорни одбори ширум Македонија. А ги има немал број: проценка е дека се и повеќе од 1.600 лица кои за својот повремен ангажман добиваат солиден паушал дури и повеќе од 50.000 денари, додаваат од ЛДП.

Според партијата сите тие лица се распределени по управните одбори и комисии кои постојат по центрите за јавно здравје, здравствени домови, центри за социјална работа, студентските домови, универзитетските клиники, агенциите, дирекциите, државните центри, фондовите, а во некои од комисиите членовите земаат сума во висина од четири просечни месечни плати во Македонија. Според последните податоци на Државниот завод за статистика 49.585 денари е просечната плата само за октомври.

– Искористување на државни возила понекогаш и до 24 часа, дневници, патни трошоци, нетранспарентност и судир на интереси утврди ДКСК уште во 2021 година, но состојбите не се подобруваат. Ние нема да дозволиме парите на граѓаните да се расфрлаат кај лица кои извршуваат повеќе функции наеднаш. Без разлика дали се од власта или од опозицијата, прашањето за намалување на овие надоместоци не е проблем на јавното мислење, туку на високите суми особено во економска криза, кога треба да се покаже солидарност и соработка на институциите, затоа треба да има лимит, месечно да не може да се надминува сумата за членот во одредена комисија или одбор над минимална плата во земјава, додаваат од ЛДП.

Од партијата додаваат дека треба да се формира работна група во која покрај пратениците би биле вклучени и експерти од владата се со цел да се донесе одлука која ќе го заштити Буџетот од непродуктивни трошења и ќе се намали финансирањето на непродуктивната администрација.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа