ЛДП во посета на поплавените пелагониски региони

Од:

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски денес беше во посета и помош на поплавените подрачја во пелагонискиот регион, заедно со советниците во општина Битола од редовите на ЛДП, Валентин Груевски и Александар Касапов, како и со претставници од раководстото на коалициониот партнер СДСМ.

„Ова е уште една потврда на забеганата политика која ВМРО – ДПМНЕ ја применуваше, односно средствата на граѓаните наместо да ги дисперзира низ сите делови на Репулбика Македонија, ги потрошија за проектот Скопје 2014-та“, изјави претседателот Милевски, кој ги ислуша проблемите на најзогрозените граѓани од поплавите.

Наместо овие денови да глумат „загриженост“, порача Милевски, треба да преземат мерки со кои што ќе им помогнат на жителите кои претрпеа најголема штета и ќе ја признаат грешката што ја правеа во изминатиот период.

Надојдените води, кои веќе една недела се главен проблем на жителите од пелагонискиот регион, особено во општините Могила и Новаци, како и во околните села и населени места, полека се повлекуваат. Посетата на премиерот во поплавениот пелагониски регион, наиде на низа негативни реакци откако и покрај големите штети, Груевски ги потсети жителите дека доколку земјоделците ги осигурале земјиштата од поплави и други катастрофи, Владата ќе им вратела 60% од износот платен за осигурување.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он