ЛДП: Власта во заминување ја „промовира“ државата по отровот што го дишеме

Од:

„Власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на сите нас, ја „промовира“ државата во светот и по отровот што го дишеме. Трите најголеми града во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух кој, за жал, секојдневно го дишеме ние и нашите сограѓани.

Последното научно истражување што го пренесува „Гардијан“, каде Тетово се вбројува во првите 15 града во светот каде физичката активност дополнително го загрозува здравјето, поради загадувањето, е врв на негрижата и несовесноста на власта за животот на граѓаните.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години покажа дека ниту имала стратегија , ни начин како да се справи со високото загадување во градските средини. Наспроти тоа, таа од чист популизам допушти безмалку неконтролиран увоз на стари возила и експанзија на неодржливата и прекумерна градба, која е спротивна на еколошките стандарди во развиените европски држави.

Власта дозволи безмилосно уништување на зеленилото и претерано користење на фосилни горива, деривати кои важат за главни причини за влошување на квалитетот на воздухот и секојдневно придонесуваат за зголемување на концентрацијата на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички над максимално дозволените граници, кои се канцерогени и најопасни за здравјето на граѓаните.

Новата Влада предводена од опозицијата, во која ќе партиципира и ЛДП, ќе настапи со одржлива стратегија и мерки за намалување на загадувањето на воздухот во границите на нормалното. Ќе инвестираме во развој на здравата животна средина, наспроти инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во панорамски тркала, барокни фасади, жални врби, споменици и галии“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство