ЛДП: Владата да престане со лошите прогнози кои влеваат лажен оптимизам

Од:

Според ЛДП, преоптимистичките владини економски проекции, доживеале фијаско. Владата велат, погреши во проекциите на растот на БПД, на инфлацијата, на буџетскиот дефицит, на капиталните инвестициии , а според последната анализата, ММФ очекува растот да се движи помеѓу нула и еден процент.

„Оваа Влада ќе биде запаметена како најголем гробар на приватниот сектор, почнувајќи од неразумните казни, несоодветната даночна политика, политичките притисоци и изнудувања, наместените тендери, па се до огромните долгови кон истиот, со кои во меѓувреме ги финансираше своите популистички проекти. Според Европската бизнис асоцијација, пак, повикувајќи се на податоци од Централниот регистар, долгот на државата кон приватниот сектор на крајот на минатата година изнесувал 226 милиони евра. Истото така ,не смее да се заборави дека доцнењето на враќање на ДДВ многу компании не го издржаа“, рече , Дејан Блажески.

Од ден на ден, вели, се повеќе се демаскира лицемерната политика на оваа Влада, а симптоматично е тоа што Владата вети дека долгот кон приватниот сектор ќе го исплати во целост во февруари, непосредно пред локалните избори, не давајќи конкретно објаснување за тоа како понатаму, вака сериозно задолжена, ќе успева тековно да ги подмирува обврските кон приватниот сектор

Долгот на Владата, велат од ЛДП, без државните институции и јавните претпријатија изнесува повеќе од 2,5 милијарди евра.

Ако се земе предвид и нивниот долг, како и се поинтензивното задржување на државата, како на домашниот пазар, така и надвор, задолжувањата на јавните претпријатија, каде државата се јавува како гарант кога земаат кредити, новото задолжување од 200 до 250 милиони евра, со цел да се исплати долгот од еврообврзницата, но и да се плаќаат обврските за ДДВ и за фактурите, повеќе од сигурно е дека јавниот долд е повеќе од 40 проценти од БДП. Тоа е премногу за една економија како нашава. Со ваквата задолженост, државата без соодветен план, повторно нема да може да ги измирува обврските кон приватниот сектор.Уште помалку, да направи нови задолжувања со оглед на веќе лошиот кредитен рејтинг. Може да заклучиме дека оваа Влада или нема никаков план за враќање на долгот, или се плаши јавно да го каже износот“, изјави , Блажески.

Иако ММФ советува и намалување на буџетскиот дефицит, препорачувајќи дефицит од 1.5 проценти, Владата, велат од ЛДП, не само што проектираше дефицит од 2.5 проценти, туку истиот без ребаланс, кршејки го Законот за Буџет, го зголеми дефицитот на 3.5 проценти, односно за 80 милиони евра само оваа година.

За цела 2012 – та година планирани се 348 милиони евра за капитални инвестиции, но според досегашниот процент на реализација, заклучно со јули, изнесува 41,1%, анализирано по квартали, укажува ЛДП.

„ЛДП бара од Владата пореално да ги согледа економските индикатори, како и да престане со лошите прогнози кои влеваат само лажен оптимизам. Покрај тоа, веднаш да преземе структурни реформи за спас на економијата, зашто секој изминат ден значи се’ помалку шанси за заздравување. ЛДП ја повикува Владата да се одважи и барем да ги следи советите на меѓународните релеванти финансиски институции, кога веќе нејзината суета не и дозволува да ги послуша советите на опозицијата и домашните експерти, изјави Дејан Блажески.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

(ВИДЕО) Носеше ли Гаши патен налог кога со службено возило отиде по невеста во Косово прашува ЛДП

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Одговорност за скандалите во Зоолошката градина

Горан Наумовски

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ЛДП: Градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник