ЛДП: Веќе 5 години премиерот Груевски е „глув“ на барањето за бесплатен студентски превоз

Од:

„Премиерот во заминување, Никола Груевски, од 1-ви јануари, 2016-та година, најави бесплатен превоз во јавниот градски автобуски сообраќај во Скопје, како и во другите градови каде што има организиран јавен превоз, за сите редовни студенти на државните универзитети.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да ја потсетиме јавноста дека Либерално-демократската партија во повеќе наврати, почнувајќи од 2010-та година, поведуваше иницијатива за воведување на бесплатен јавен превоз во градскиот сообраќај во Скопје за сите редовни студенти во Скопје. Меѓутоа, во четири наврати владејачкото советничко мнозинство во Советот на град Скопје, предводено од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Коце Трајановски, упорно ја одбиваа оваа иницијатива. Акцијата, преку прес-конференции и настани,  во повеќе наврати ја покренуваше и подмладокот на ЛДП.

Оттука, ги прашуваме Груевски и ВМРО ДПМНЕ, зошто упорно тој и неговите сопартијци досега го игнорираа и одбиваа овој предлог, а сега, предизборно го пласираат во јавноста како свој. Воедно, бараме појаснување од надлежните за тоа зошто оваа одлука се однесува само за редовните студенти на државните универзитети, а не и за нивните колеги од приватните универзитети, доведувајќи ги студентите од приватните универзитети во нерамноправна положба.

Притоа, сакаме да напоменеме дека јавниот градски превоз е во надлежност на градот Скопје и на единиците на локалната самоуправа, а не на Владата. Со ваквата постапка, Владата свесно врши одземање на надлежностите и ингеренциите на општините“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он