ЛДП: Уставен, со брза одлука, да спречи ескалација на состојбите со парното

Од:

Либерално демократската партија, за да се спречи огромното незадоволство за одлуката и правилата за плаќање парно греење, и со цел да се овозможи заштита на граѓаните, го повикува Уставниот суд на Република Македонија, да даде максимален приоритет при одлучување по иницијативата на ЛДП и да донесе решенеие за времена мерка за стопирање на примената на Правилата.

Зоран Шапуриќ, потсети дека ЛДП, поднесе Иницијатива за оцена на уставноста и законитоста на повеќе одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија на Република Македонија. Оваа иницијатива, рече, е поднесена поради наметнување на обврски за корисниците за услуги кои воопшто нема да се извршуваат, како и обврска за плаќање и за оние делови од колективни станбени објекти кои не се затоплуваат. „Граѓаните сакале или не според овие Правила, ќе мораат да плаќаат за парно греење без оглед дали го користат. Граѓаните сега практично немаат можност да се откажат од услугите за испорака на топлинска енергија. Овие обврски се нелогични и спротивни со Уставот на Република Македонија и законите на Република Македонија“, рече Шапуриќ.

Според ЛДП, работата на Уставниот суд за да донесе времена мерка е олеснета, поради фактот што пред неколку години овој Суд веќе, донесе одлука за укинување на Подзаконски акт што ја регулира оваа материја, во кој беше предвидено дека треба да плаќаат за парно греење и оние граѓани, кои се исклучени, односно не ги користат овие услуги. Со времената мерка, според ЛДП, ќе спречат десетици илјади парници поради фактот дека граѓаните не се подготвени да плаќаат за услуги кои не ги добиваат.

ЛДП, ја повикува Толификација АД Скопје, да се воздржи од примената на означените Правила, до донесување на Одлуката на Уставниот суд и да ја корегира цената на испорака на топлинската енергија за училиштата, односно да не ги третира училиштата како стопански, односно индустриски објекти, и да плаќаат повисока цена.

ЛДП ги повикува и Народниот правобранител, синдикатот, како и организациите за заштита на потрошувачите да бидат многу поактивни во заштита на правата на граѓаните и да преземат енергични активности за заштита на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Итно затварање на скопската Зоолошка градина и одговорност од надлежните

Собраниската Комисија за транспорт не го усвои амандманот на пратеничката Зајкова за преполовување на месечниот надомест на членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти од 41.900 на 22.500 денари

ЛДП: Рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Меѓународна канцеларија на ЛДП: Додик да се стави на црна листа во Македонија

Зајкова по преземањето на претседателството на ЛИБСЕЕН: Целосна и безусловна интеграција на Југоисточна Европа во ЕУ

А1он

ЛДП: Потребни се и санкции за оние кои ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели

Горан Наумовски