ЛДП: Унапредување и подигање на безбедноста на сообраќајот во Скопје

Од:

На инцијатива на советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, советничката група на Сојузот за иднината поднесе барање за “Информација за мерки и активности кои ќе ги преземе градот Скопје за унапредување на безбедноста на сообраќајот во градот Скопје. Во иницијативата се потенцира важноста на унапредување на безбедноста на сообраќајот за намалување на сообраќајни незгоди, бројот на повредени и жртвите во овие незгоди, како и заради заштита на најранливите категории на учесниците во сообраќајот, како што се пешаците, децата, лицата со посебни потреби,велоспипедистите,возрасните и другите категории на учесници“.

Информацијата се бара од градоначалникот на Скопје, Трајановски Коце. Во Барањето се нагласува потреба од стратешки пристап на градот во унапредување на безбедноста на сообраќајот во Скопје, во рамките на надлежностите на град Скопје. Притоа, помеѓу другото, од градоначалникот се барааат и мерки за утврдување на најопасните места, т.н црни точки во градскиот сообраќај и мерки за санирање на истите, како и итно изготвување на акциски планови за имплементација на Националаната стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот и подигање на безбедноста на сообраќајот на ниво на врвен приоритет на градот.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство