ЛДП: Ставревски да не ја замајува јавноста со шминкерски мерки

Од:

ЛДП реагира за прославата  на Денот на независноста на Македонија, која велат, покажа дека ниту партиските списоци, автобуси и притисоци од страна на ВМРО-ДПМНЕ, не можат да ги натерат граѓаните, позитивно да ја доживеат забавата организирана со нивни пари. Атмосферата во арената Филип втори се јасна порака за Груевски и неговата Влада, смета ЛДП.

ЛДП  е  сериозно загрижена за последните негативни економски параметри кои се однесуваат на македонската економија.Сите податоци упатуваат на тоа дека   условите за рецесија веќе се исполнети, само останува, велат,  официјално истата да се објави.

„ЛДП сака да ја потсети јавноста дека оваа  власт, иако свесна за опасноста од кризата, наспроти многуте укажувања од експертите и релевантните светски институции,  реши да ја игнорира целата економска логика , во служба на рејтинг – логиката. Најголема жртва на ваквата политика за жал се  граѓаните и домашните компании.Но лицемерната рејтигн политика на оваа влада веќе целосно е разоткриена. Имено, место спас од кризата во овие тешки години за домашниот бизнис оваа влада се појавува како најголем уништувач и  должник на истиот. Односно државата на име  поврат на  ДДВ и  исплата на заостанатите обврски, кон компаниите кои вршеле услуги за потребите на Владата должи повеќе од десетици милиони евра, податок кој упорно се крие.Покрај другото, од почетокот на годинава до сега постојано расте бројот на блокираните сметки на фирмите и граѓаните . Според последните податоци на Народна банка на Македонија, во јули имало 133.944 блокирани сметки, од кои 57,6 биле на правни лица“, рече Дејан Блажески.

Пари во буџетот за пензии нема за што говорат и податоците на Министерството за финансии, в елат од ЛДП.

Укажуваат,стапката на невработеност порасна над 31 процент, трошоците на живот двојно се зголемени, секој трет граѓанин живее под прагот на сиромаштијата.

Владата, рече,  секоја година троши   саморекламирање фрапантни 39 милиони евра од државниот Буџет. Само за една година Владата се задолжи за 700 милиони евра. Денес, велат од ЛДП, долгот на власта изнесува рекордни 2 милијарди и 89 милиони евра, кои доколку  ги насочеше кон реалниот сектор ќе имавме многу поразлична сосстојба денес.

„Владата мора да разбере дека ова е реалната состојаба во Р. Македонија. За зал,сериозните проблеми на мекедонската економија , министрите за финансии и економија, ги лечат со несериозен пакет социјални место економски мерки, со кратење на капиталните инвестиции, со увоз на струја  и со скапи и непродуктивни  “Road show –та на премиерот и неговиот тим“, укажува ЛДП.

ЛДП го повикува Министерот Ставрески да престане да ја замајува јавноста со евтини шминкерски мерки, со кои само купуваат денови и  кои повеќе од очигледно  не дават  никакви позитивни резултати ниту за економијата ниту за граѓаните.

Крајно време е Владата е да донесе вистински мерки со кои ќе ја превенира рецесијата и да го заштити стандардот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Во спортот нема национализам и расизам, Даку да се извини за навредите насочени кон Македонците

ЛДП: Мерката на Мицкоски за реорганизација на здравството е уште една од нашите „позајмени” програмски определби

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството

Катерина Ѓуровски

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Билјана Јаневска поднесе оставка од сите функции во ЛДП

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов