ЛДП: Ставрески да си поднесе оставка

Од:

Либерално демократската партија денеска побара од министерот за финансии, Зоран Ставрески да покаже зрелост и одговорност каква што прилега на функцијата министер и веднаш да побара помош од економски експерти или пак конечно да поднесе отставка.

Од партијата велат дека македонската економија секојдневно се повеќе и повеќе се доближува до амбисот.

„Она на што постојано повикуваше ЛДП денес го потврди и кредитната агенција „Standard & Poor’s“, која кредитниот рејтинг на Македонија го намали за едно ниво.

Агенцијата само потврди дека Владата има неадекватни контролни механизми заради што има зголемување на скриените трошоци на јавните инвестиции како и дека постојано се вложува во непродуктивни добра. Покрај другото, сметаат дека бизнис климата е помалку охрабрувачка за домашните мали и средни компании“, велат од ЛДП.

Министерот, се наведува во писмената реакција на ЛДП испратена до јавноста, не е свесен за овие податоци или пак не може да ја заузда својата суета докажува и денешната изјава во која вели дека „Агенцијата со својот извештај си дозволува да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна”.

Кога тој министер ќе добие пофални зборови од релевантните финансиски институции се фали на сите ѕвона, а кога ќе биде критикуван веднаш ги смета за нерелевантни, и ова само докажува една непостојаност и отсуство на одговорност на човекот кој раководи со едно од најважните министерства, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство