ЛДП со Стратешки план: Ние сме партија од граѓаните за граѓаните со поддршка за членство во ЕУ

Од:

Ние сме партија која е најблиску до индивидуата. Партија од граѓаните за граѓаните, која што од своето создавање до денес ги застапува и штити правата на граѓаните и овозможува слободно изразување на индивидуата во македонското општество, се вели во соопштението на Либерално Демократската Партија кои викендов во Скопје го одржуваат стратешкото планирање на партијата.

– Стратешкиот план на ЛДП е документ кој ќе служи за поставување на основите на работење на партијата и поставување на нејзини цели во претстојниот период. Стратешкото планирање е модерен и демократски начин на проектирање на посакуваната иднина и темелно осмислување на секој чекор кој не води кон утврдената цел, а со овој стратешки план ги воспоставуваме своите цели, политики, но и се поставува Стратегија за интерна комуникација, додаваат од партијата.

Преку стратешкиот план, ЛДП ги дефинира и временските рамки за остварување на конкретните политики и активности. Воедно претставува и план за функционалноста на општинските организации како и план за промоција на идеите и ставовите кон граѓаните, како и со запознавање на граѓаните со целите и идеологијата на партијата.

Според ЛДП клучно и најважно е дека треба да вложува во натамошниот раст и развој на партијата, следејќи ја својата идеологија и стратешки цели, со цел обезбедување на подобро позиционирање на политичката сцена и транспарентно креирањето политики од и за подобрување на секојдневието на секој граѓанин.

– Од особена важност за државата, но и за партијата како македонска партија со голема меѓународна либерална поддршка е и членството во Европската Унија кое ќе обезбеди подобар општествен и политички живот во Република Северна Македонија, истакнуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

(ВИДЕО) Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма