ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Од:

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, викендов во Битола на дел од основачите на партијата, Дејан Ристевски, Горан Савевски и Валентин Соклевски, им додели благодарници и пригодни подароци за нивниот особен придонес во растот на ЛДП.

Присутните Ристевски, поранешен градоначалник и советник од ЛДП и Савевски, поранешен советник и кандидат за градоначалник од ЛДП, по чинот на доделување, одржаа состанок со претседателката Зајкова и со Димитар Кузмановски, претседател на Општинската организација на ЛДП во Битола.

Претседателката Зајкова со цитат од Еленор Рузвелт упати посебна благодарност до членовите и истакна дека ЛДП навистина има многу луѓе со кои може да биде горда.

Савевски и Ристевски ја истакнаа својата благодарност кон она што ЛДП го направила за нив, но и тоа дека ќе продолжат и во иднина активно да учествуваат во работата на партијата, како на локално, така и на централно ниво.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори