ЛДП бара да се формира Специјален суд

Од:

Либерално-демократската партија апелира на итноста од формирање на Специјален суд во Република Македонија, како потреба од процесуирање на обвиненијата на Специјалнотo јавно обвинителство.

– Предупредуваме дека „сваровски“ судството и воопшто системот, кој во сите нивоа на судската власт десет години по своја мерка го градеа Груевски и фамилијата, може „низ вода“ да ја пуштат работата и трудот на специјалните обвинители во предметот „Титаник“.

Укажуваме на потребата од итно дополнување на Договорот од Пржино со формирање на Специјален суд, со помош на меѓународната заедница, кој ќе ги почитува стандардите на транспарентност, независност и владеење на правото.

Стравуваме дека обвиненијата произлезени од Кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, ќе бидат опструирани од судии кои се „приврзоци“ на фамилијата и дека партијата на власт ќе се обиде од обвиненијата да направи фарса, стои во денешното соопштение од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство