ЛДП: Слободната мисла и независноста на новинарството е посилна од бруталноста на насилниците

Од:

Либерално-демократската партија најостро го осудува последниот брутален напад врз сопственикот и уредник на веб-порталот Доказ.мк, Марјан Стаменковски.

„ЛДП бара од МВР веднаш да ги открие сторителите на овие срамни и подмолни напади врз  новинари и медиумски работници во Р.Македонија кои ја почитуваат и практикуваат независноста и слободата на изразувањето.
Воедно, ЛДП е загрижена од трендот на насилства и пресметки со новинари и сопственици на портали кои критички ја опсервираат работата на актуелната власт. Но, веруваме дека силата на слободната мисла и независноста на новинарството е посилна од примитивизмот, насилството и бруталноста на оние кои се плашат од вистината и критиката на медиумите и јавноста.

По минатонеделните напади врз новинарот и блогер, Саше Ивановски – Политико, физичките пресметки со неистомислениците и претепувањата полека стануваат заштитен знак на залезот на десетгодишното владеење на гарнитурата, предводена од ВМРО – ДПМНЕ.

ЛДП, како организација за која личната безбедност и основното човеково право на слобода на мисла и слобода на изразување е врвен приоритет, апелира до органите на државната управа и МВР во најкус можен рок да ги пронајде сторителите на подлиот чин и да ги изведе на обвинителска клупа“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори