ЛДП: Скандал на Антикорупциската комисија во одбрана на Груевски!

Од:

„Скандалозна и противзаконска е одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата да не го обелодени анкетниот лист на поранешниот претседател на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, за тоа колку се збогатил за време на десетгодишното владеење.

Претседателот на Антикорупциската комисија со самото прашање до новинарите, за тоа “зошто ги интересира имотната состојба на Груевски?“, стана соучесник во партизирањето и на оваа институција, директно кршејќи го член 33 од  Законот за спречување на корупцијата, каде јасно стои дека носителите на јавна функција имаат обврска во рок од 30 дена од стапувањето на должност да пополнат анкетен лист за имотната состојба. Истото важи и при напуштањето или преземањето на нова функција. Дотолку повеќе што анкетните листови од почетокот и крајот на премиерската функција на Груевски не се достапни на сајтот на Антикорупциската комисија и споредба не може да се направи.

Вчерашната прес-конференција на претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата наликуваше на гротеска. Неуспешен обид невешто, неумешно и со уличарски речник да се замајува јавноста, се’ со цел заобиколување на вистината, односно дали Груевски во изминатите години го зголемил својот имот и дали истото го направил на законски или незаконски начин.

Според нас во целиот овој хаос во кој ВМРО-ДПМНЕ ја воведе земјата, сите узурпирани институции веќе не ја вршат својата улога, туку директно се ставаат во заштита на врхушката на власт, на криминалот и корупцијата.

Прашањето колку е богат Никола Груевски нема да може уште долго да остане тајна“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он