ЛДП: Селективните аболиции ја погазуваат правната држава и владеењето на правото

Од:

„Целосно повлекување на аболицијата и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател на Република Македонија, се главните заклучоци на Централниот одбор на Либерално-демократската партија, по синоќешниот состанок на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата.

Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од  Иванов ја втурна Република Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална криза. Селективните аболиции на политичари се несвојствени за демократските општества и длабоко ја погазуваат правната држава и принципите на владеење на правото.

Оттаму, Централниот одбор на партијата смета дека поделбата на граѓаните, на тие за кои важи селективната правда и на оние за кои не важи правдата е недопустливо и надвор од разумот.

Централниот одбор на ЛДП дава недвосмислена и отворена поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, со јасна порака, секој од отворените процеси и оние што допрва ќе следат да се процесуираат со судска разрешница. Затоа, уште еднаш апелираме до сите општествени чинители во државата и меѓународниот фактор, што поскоро да се формира и Специјален суд, што ќе овозможи и правна разрешница на политичката криза.

Затоа што владеењето  на правото е клучен услов за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО и за нормализирање на состојбата во државата.

ЛДП ги осудува заканите и притворите на граѓанските активисти и дава целосна поддршка на протестите на „Шарената револуција“,  со повик за омасовување, со цел да му се  стави до знаење на Никола Груевски и на фамилијата дека не можат да владеат без поддршка на граѓаните“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори